Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, јануари 2017 година

понеделник, 13 март 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2017 година изнесува
43 220, а бројот на ноќевањата изнесува 87 894.


Бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 13.3%, а бројот
на ноќевањата е зголемен за 11.7%.


Бројот на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 10.3%,
а бројот на странските туристи е зголемен за 15.5%.


Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е
зголемен за 8.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 15.2%.


Бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 2.7% и тоа: кај
домашните туристи има зголемување за 15.7%, а кај странските има намалување за 5.1%.


Бројот на ноќевањата во јануари 2017 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 8.4% и тоа: кај
домашните туристи има зголемување за 24.3%, а кај странските има намалување за 2.8%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика