Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, септември 2016 година
петок, 11 ноември 2016
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2016 година изнесува 84 018, а бројот на ноќевањата изнесува 197 122. Бројот на туристите во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, е зголемен за 6.1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7.0%. Бројот на домашните туристи во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, е зголемен за 22.7%, а бројот на странските туристи е зголемен за 0.9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, е зголемен за 21.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 1.1%. Во периодот јануари- септември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.8%, а кај странските има зголемување за 4.0%. Во периодот јануари- септември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.3%, а кај странските има зголемување за 0.8%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика