Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2016 година изнесува 71 813, а
бројот на ноќевањата изнесува 171 861.
Бројот на туристите во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е зголемен за 0.6%, а бројот на ноќевањата
е намален за 1.7%.
Бројот на домашните туристи во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е зголемен за 1.7%, а бројот на
странските туристи е зголемен за 0.2%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е намален за
1.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 1.6%.
Во периодот јануари-јуни 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е
зголемен за 8.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10.2%, а кај странските има зголемување за
7.9%.
Во периодот јануари-јуни 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 8.5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13.8%, а кај странските има зголемување за
5.4%.