Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, март 2016
четврток, 12 мај 2016
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2016 година изнесува 44 593, а бројот на ноќевањата изнесува 94 566. Бројот на туристите во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемен за 23.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 25.8%. Бројот на домашните туристи во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемен за 23.2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 23.4%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемен за 39.2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 17.3%. Во периодот јануари-март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 18.4%, а кај странските има зголемување за 15.8%. Во периодот јануари-март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 21.0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 29.5%, а кај странските има зголемување за 15.1%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика