Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, февруари 2016
вторник, 12 април 2016
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2016 година изнесува 32 467, а бројот на ноќевањата изнесува 72 385. Бројот на туристите во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, е зголемен за 9.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 16.2%. Бројот на домашните туристи во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, е зголемен за 17.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 4.9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, е зголемен за 19.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13.9%. Во периодот јануари-февруари 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 16.0%, а кај странските има зголемување за 11.0%. Во периодот јануари-февруари 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 24.2%, а кај странските има зголемување за 13.8%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика