Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, јануари 2016 година
понеделник, 14 март 2016
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2016 година изнесува 38 162, а бројот на ноќевањата изнесува 78 667. Бројот на туристите во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, е зголемен за 16.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 20.2%. Бројот на домашните туристи во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, е зголемен за 14.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 17.5%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, е зголемен за 27.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13.6%. Бројот на туристите во јануари 2016 година, во однос на претходниот месец, е намален за 5.4% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.7%, а кај странските има намалување за 8.6%. Бројот на ноќевањата во јануари 2016 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 1.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9.6%, а кај странските има намалување за 5.1%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика