Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, септември 2015
четврток, 12 ноември 2015
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2015 година изнесува 79 218, а бројот на ноќевањата изнесува 184 262. Бројот на туристите во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 20.0%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 17.7%. Бројот на домашните туристи во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 11.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 22.9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 3.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 24.3%. Во периодот јануари- септември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.6%, а кај странските има зголемување за 15.4%. Во периодот јануари-септември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9.1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.2%, а кај странските има зголемување за 13.4%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика