Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, јули 2015
понеделник, 14 септември 2015
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2015 година изнесува 119 742, а бројот на ноќевањата изнесува 520 283. Бројот на туристите во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 11.7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 8.6%. Бројот на домашните туристи во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 7.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 16.1%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 7.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11.2%. Во периодот јануари-јули 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 7.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.7%, а кај странските има зголемување за 12.6%. Во периодот јануари-јули 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.1%, а кај странските има зголемување за 8.0%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика