Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, април 2015 година
петок, 12 јуни 2015
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2015 година изнесува 52 298, а бројот на ноќевањата изнесува 103 727. Бројот на туристите во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е зголемен за 17.6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.3%. Бројот на домашните туристи во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е намален за 5.2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 30.9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е намален за 5.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 22.2%. Во периодот јануари-април 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 7.5%, а кај странските има зголемување за 19.8%. Во периодот јануари-април 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 10.2%, а кај странските има зголемување за 13.7%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика