Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2015 година изнесува
29 743, а бројот на ноќевањата изнесува 62 297.
Бројот на туристите во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, е зголемен за 9.0%, а бројот
на ноќевањата е зголемен за 2.8%.
Бројот на домашните туристи во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, е намален за
11.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 23.5%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, е
намален за 13.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 16.0%.
Во периодот јануари - февруари 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 7.6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 5.6%, а кај странските има
зголемување за 18.2%.
Во периодот јануари - февруари 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 1.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 12.1%, а кај странските има
зголемување за 15.0%.