Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, декември 2014
четврток, 12 февруари 2015
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари- декември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.7%, а кај странските има зголемување за 6.4%. Во периодот јануари- декември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 1.8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.2%, а кај странските има зголемување за 4.7%. Бројот на туристите во декември 2014 година изнесува 32 413, а бројот на ноќевањата изнесува 64 687. Бројот на туристите во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, е намален за 3.8%, а бројот на ноќевањата е намален за 6.3%. Бројот на домашните туристи во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, е намален за 6.9%, а бројот на странските туристи е намален за 1.7%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, е намален за 0.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 10.0%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика