Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, ноември 2014

четврток, 15 јануари 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2014 година изнесува
36 475, а бројот на ноќевањата изнесува 81 307.


Бројот на туристите во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е зголемен за 6.9%, а бројот на
ноќевањата е зголемен за 2.9%.


Бројот на домашните туристи во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е зголемен за 7.5%,
а бројот на странските туристи е зголемен за 6.6%.


Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е
намален за 0.2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5.5%.


Во периодот јануари-ноември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 5.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.2%, а кај странските има
зголемување за 6.8%.


Во периодот јануари-ноември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 2.1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.2%, а кај странските има
зголемување за 5.4%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295-754

е-пошта:  zlatko.mircevski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика