Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, август 2014 година
среда, 15 октомври 2014
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2014 година изнесува 145 445, а бројот на ноќевањата изнесува 630 230. Бројот на туристите во август 2014 година, во однос на август 2013 година, е зголемен за 14.0%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7.4%. Бројот на домашните туристи во август 2014 година, во однос на август 2013 година, е зголемен за 12.2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 16.8%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2014 година, во однос на август 2013 година, е зголемен за 6.2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11.9%. Во периодот јануари- август 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.3%, а кај странските има зголемување за 9.0%. Во периодот јануари- август 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.9%, а кај странските има зголемување за 7.4%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика