Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2025 година изнесува 49 870,
од кои 36.8 % се домашни туристи, а 63.2 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во јануари 2025 година изнесува 106 894, од кои 42.5 % се од домашните туристи, a 57.5 % од
странските туристи.
Вкупниот број на туристи во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, е зголемен за 4.4 %, a бројот на
ноќевањата е зголемен за 4.7 %.
Бројот на домашните туристи во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, е намален за 4.9 %, а бројот
на странските туристи е зголемен за 10.8 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, е намален за
7.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 16.5 %.
Почитувани корисници, во соопштението „Туризам“, со бр. 8.1.25.07, од 11.03.2025 година, е направена техничка грешка при објавувањето на табелата бр. 1.
Коригираното соопштение е објавено на 25.03.2025 година.
Ви благодариме за разбирањето!