Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, јули 2014
петок, 12 септември 2014
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2014 година изнесува 107 231, а бројот на ноќевањата изнесува 478 911. Бројот на туристите во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 3.9%, а бројот на ноќевањата е намален за 7.0%. Бројот на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 14.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 9.9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 10.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4.8%. Во периодот јануари - јули 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3.1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2.5%, а кај странските има зголемување за 7.2%. Во периодот јануари - јули 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 0.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6.0%, а кај странските има зголемување за 6.3%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика