Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2024 година изнесува 81 752, од
кои 23.0 % се домашни туристи, а 77.0 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во април 2024 година изнесува 151 720, од кои 28.8 % се од домашните туристи, а 71.2 % од
странските туристи.
Во периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 15.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 7.4 %, а кај странските има зголемување за
19.3 %.
Во периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 15.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 15.0 %, а кај странските има зголемување за
15.4 %.