Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2024 година изнесува 58 848, од
кои 31.3 % се домашни туристи, а 68.7 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во март 2024 година изнесува 114 615, од кои 36.0 % се од домашните туристи, а 64.0 % од
странските туристи.
Во периодот јануари – март 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е
зголемен за 14.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8.6 %, а кај странските има зголемување за
18.0 %.
Во периодот јануари – март 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е
зголемен за 14.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.2 %, а кај странските има зголемување за
15.3 %.