Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, јуни 2014
среда, 13 август 2014
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2014 година изнесува 70 673, а бројот на ноќевањата изнесува 170 898. Бројот на туристите во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, е зголемен за 4.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 1.5%. Бројот на домашните туристи во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, е намален за 10.9%, а бројот на странските туристи е зголемен за 11.2%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, е намален за 10.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 8.8%. Во периодот јануари-јуни 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6.1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2%, а кај странските има зголемување за 6.5%. Во периодот јануари-јуни 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4.5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.4%, а кај странските има зголемување за 6.8%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика