Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2023 година изнесува 69 934, од
кои 25.8 % се домашни туристи, а 74.2 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во април 2023 година изнесува 130 702, од кои 28.4 % се од домашните туристи, а 71.6 % од
странските туристи.
Во периодот јануари – април 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 24.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.6 %, а кај странските има зголемување за
46.1 %.
Во периодот јануари – април 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 13.6 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 4.8 %, а кај странските има зголемување за
29.0 %.