Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2023 година изнесува 47 490, од
кои 32.5 % се домашни туристи, а 67.5 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во март 2023 година изнесува 94 985, од кои 36.4 % се од домашните туристи, а 63.6 % од
странските туристи.
Во периодот јануари – март 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е
зголемен за 14.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 7.4 %, а кај странските има зголемување за
35.1 %.
Во периодот јануари – март 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 6.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6.8 %, а кај странските има зголемување за
18.9 %.