Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2022 година изнесува 81 848,
од кои 34.8 % се домашни туристи, а 65.2 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во октомври 2022 година изнесува 180 003, од кои 41.8 % се од домашните туристи, а 58.2 % од
странските туристи.
Во периодот јануари – октомври 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 38.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.8 %, а кај странските зголемувањето е за
85.7 %.
Во периодот јануари – октомври 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 22.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.6 %, а кај странските зголемувањето е за
73.0 %.