Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2022 година изнесува 190 855, од
кои 60.9 % се домашни туристи, а 39.1 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во август 2022 година изнесува 835 016, од кои 77.7 % се од домашните туристи, а 22.3 % од
странските туристи.
Во периодот јануари – август 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 35.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.0 %, а кај странските зголемувањето е за
87.8 %.
Во периодот јануари – август 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 20.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.4 %, а кај странските зголемувањето е за
78.3 %.