Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, август 2021 година

четврток, 14 октомври 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2021 година изнесува 184 125, од кои 70.1 % се домашни туристи, а 29.9 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во август 2021 година изнесува 820 263, од кои 83.6 % се од домашните туристи, а 16.4 % од странските туристи.

Во периодот јануари – август 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 49.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 28.5 %, а кај странските зголемувањето е за 104.9 %.

Во периодот јануари – август 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 33.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 18.2 %, а кај странските зголемувањето е за 129.8 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика