Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2020 година изнесува 31 175, а бројот на ноќевањата изнесува 60 345.
Бројот на туристите во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, е намален за 49.3 %, а бројот на ноќевањата е намален за 49.5 %.
Бројот на домашните туристи во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, е зголемен за 20.7 %, а бројот на странските туристи е намален за 85.2 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, е зголемен за 2.0 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 81.6 %.
Во периодот јануари ‒ декември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 60.5 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 18.3 %, а кај странските има намалување за 84.4 %.
Во периодот јануари ‒ декември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 48.0 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 14.2 %, а кај странските има намалување за 84.0 %.