Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2020 година изнесува 33 929, а бројот на ноќевањата изнесува 80 612.
Бројот на туристите во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, е намален за 65.1 %, а бројот на ноќевањата е намален за 59.7 %.
Бројот на домашните туристи во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, е намален за 11.4 %, а бројот на странските туристи е намален за 87.4 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, е намален за 14.0 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 84.8 %. Во периодот јануари ‒ октомври 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 60.8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 20.0 %, а кај странските има намалување за 84.2 %.
Во периодот јануари ‒ октомври 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 47.2 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 14.1 %, а кај странските има намалување за 84.1 %.