Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, август 2020 година

среда, 14 октомври 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2020 година изнесува 133 704, а бројот на ноќевањата изнесува 684 719.
Бројот на туристите во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е намален за 38.2 %, а бројот на ноќевањата е намален за 24.3 %.
Бројот на домашните туристи во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е зголемен за 8.9 %, а бројот на странските туристи е намален за 92.8 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е зголемен за  1.1 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 91.3 %.
Во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 59.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 25.3 %, а кај странските има намалување за  82.2 %.
Во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 45.0 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 16.3 %, а кај странските има намалување за 82.8 %. 





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика