Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, јули 2020 година

понеделник, 14 септември 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2020 година изнесува 75 591, а бројот на ноќевањата изнесува 436 180.

Бројот на туристите во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, е намален за 56.0 %, а бројот на ноќевањата е намален за 36.1 %.

Бројот на домашните туристи во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, е намален за 4.8 %, а бројот на странските туристи е намален за 94.9 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, е намален за 6.3 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 93.4 %.

Во периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 67.4 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 43.9 %, а кај странските има намалување за 79.6 %. Во периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 56.6 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 30.8 %, а кај странските има намалување за 80.3 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика