Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, јуни 2020 година

среда, 12 август 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2020 година изнесува 5 210, а бројот на ноќевањата изнесува 14 179.

Бројот на туристите во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, е намален за 95.6 %, а бројот на ноќевањата е намален за 94.6 %.

Бројот на домашните туристи во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, е намален за 88.9 %, а бројот на странските туристи е намален за 97.9 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, е намален за 90.1 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 96.6 %.

Во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 71.8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 64.8 %, а кај странските има намалување за 74.8 %.

Во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 71.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 64.1 %, а кај странските има намалување за 75.3 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика