Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, мај 2020 година

понеделник, 13 јули 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2020 година изнесува 838, а бројот на ноќевањата изнесува 4 946.

Бројот на туристите во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 99.2 %, а бројот на ноќевањата е намален за 97.6 %.

Бројот на домашните туристи во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 97.8 %, а бројот на странските туристи е намален за 99.7 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 96.7 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 98.0 %.

Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 63.2 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 58.2 %, а кај странските има намалување за 65.6 %. Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 62.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 56.0 %, а кај странските има намалување за 66.0 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика