Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, декември 2013 година
среда, 12 февруари 2014
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2013 година изнесува 33 679, а бројот на ноќевањата изнесува 69 024. Бројот на туристите во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, е зголемен за 7.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9.1%. Бројот на домашните туристи во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, е намален за 8.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 21.0%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, е намален за 8.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 26.0%. Во периодот јануари- декември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.3%, а кај странските има зголемување за 13.8%. Во периодот јануари- декември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 0.3% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 4.8%, а кај странските има зголемување за 8.6%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика