Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, април 2013 година

среда, 12 јуни 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2013 година изнесува 42 380, а бројот на ноќевањата изнесува 93 455.


Бројот на туристите во април 2013 година, во однос на април 2012 година, е зголемен за 4.1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9.7%.


Бројот на домашните туристи во април 2013 година, во однос на април 2012 година, е зголемен за 3.4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 4.5%.


Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2013 година, во однос на април 2012 година, е зголемен за 8.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11.0%.


Во периодот јануари- април 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3.2% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.2%, а кај странските има зголемување за 5.4%.


Во периодот јануари - април 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.3%, а кај странските има зголемување за 8.2%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295-754

е-пошта:  zlatko.mircevski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика