Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2013 година изнесува
25 599, а бројот на ноќевањата изнесува 58 323.
Бројот на туристите во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година, е зголемен за 8.7%, а бројот
на ноќевањата е зголемен за 10.3%.
Бројот на домашните туристи во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година, е зголемен за
11.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 7.2%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година, е
зголемен за 12.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 8.3%.
Во периодот јануари- февруари 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 0.1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.2%, а кај странските има
намалување за 1.5%.
Во периодот јануари- февруари 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 1.1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.4%, а кај странските има
намалување за 2.0%.