Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Бесправно изградени објекти на територијата на Република Македонија, 2011 година

понеделник, 25 јуни 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2011 година, на територијата на Република
Македонија се регистрирани 1 412 бесправно изградени објекти.


Во наведениот период паралелно течеше и постапката за третман на бесправно изградените објекти во
согласност со Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на РМ“, бр.23 од
24.2.2011). Оттаму, голем број од овие објекти беа предмет и на наведената постапка, па затоа не можат да се
раздвојат.

 
Според видот на објектот, бесправно се изградени 368 објекти за домување1) (26.1%), 304 доградби, надградби
и адаптации (21.5%), 163 деловни објекти (11.5%), 84 гаражи (5.9%), 137 огради (9.7%), 14 скалила (1.0%), 37
тераси (2.6%), 4 летни тераси (0.3%), 77 настрешници (5.5%), 123 времени објекти (8.7%) и 101 помошен објект
(7.2%).


Најголем број бесправно изградени објекти (97.5%.) се во приватна сопственост.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 751

е-пошта:  natasa.cenova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика