Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Бесправно изградени објекти на територијата на Република Македонија, 2014

петок, 19 јуни 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2014 година, на територијата на Република
Македонија се регистрирани 1 075 бесправно изградени објекти.


Според видот на објектот, бесправно се изградени 196 објекти за домување1) (18.2%), 176 доградби, надградби
и адаптации (16.4%), 74 деловни објекти (6.9%), 80 гаражи (7.4%), 145 огради (13.5%), 12 скалила (1.1%), 45
тераси (4.2%), 8 летни тераси (0.7%), 102 настрешници (9.5%), 101 времен објект (9.4%) и 136 помошни објекти
(12.7%).


Најголем број бесправно изградени објекти (97.5%) се во приватна сопственост.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 750

е-пошта:  lila.uskovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика