Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Енергија


Обновлива енергија по месеци, 2011 - претходни податоци -

четврток, 22 ноември 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика за 2011 година, од обновлива енергија Република
Македонија произведуваше: дрво (огревно дрво, дрвени отпадоци и друг растителен отпад), геотермална
топлина, хидроелектрична енергија, соларна енергија и биодизел.

 Во 2011 година, бруто-примарното производство на обновлива енергија опфаќаше: дрво (огревно дрво, дрвени
отпадоци и друг растителен отпад) со 714 557 m3, геотермална топлина со 3 565 350 m3 , хидроелектрична енергија
со 1 433 120 MWh, соларна енергија со 1 173 MWh и биодизел со 4 513 тони.

Најголеми потрошувачи на дрво во 2011 година (огревно дрво, дрвени отпадоци и друг растителен отпад) беа
домаќинствата со 90.0%, а на останатите сектори отпаѓаат 10.0% од финалната енергетска потрошувачка (на
дрвото).

Најголем потрошувач на геотермална топлина во 2011 година беше земјоделството со 83.8%, а на останатите сектори
отпаѓаат 16.2% од финалната енергетска потрошувачка (на геотермалната топлина).

Загубите во дистрибуцијата на геотермалната топлина изнесуваат 10.5% од бруто-примарното производство.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 662

е-пошта:  gjurgica.milosevska@stat.gov.mk  stojna.maneva@stat.gov.mk
  




© Државен завод за статистика