Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Живородени деца, умрени лица и миграции според градски и селски подрачја, по региони, 2009

петок, 09 јули 2010


Повеќе живородени деца во градските подрачја
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 13 621 деца или 57.5% од вкупниот број на живородени деца, наспроти 10 063 живородени деца или 42.5% во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број на раѓања по региони има Скопскиот со 33.0%, а најмало Вардарскиот регион со 7.1%.

Просечната возраст на мајката повисока кај жените од градските подрачја
Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања во градските подрачја изнесува 28.2 години наспроти 27.1 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 26.6 години наспроти 24.8 години во селските подрачја. При првото раѓање за 1.8 години е помлада мајката од селските подрачја.

Поголемо учество на умрените лица во градските подрачја
Бројот на умрени лица во градските подрачја изнесува 11 201 лица или 58.8%, наспроти 7 859 умрени лица или 41.2% во селските подрачја. Во однос на претходната година се забележува зголемување од 0.3% кај умрените лица во градските подрачја и исто така намалување за 0.3% кај умрените лица во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број на умрени лица, по региони, има Скопскиот со 26.7%, а најмало Североисточниот регион со 8.1%.

Просечната возраст на умреното лице повисока кај лицата од селските подрачја
Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 70.3 години наспроти 71.9 години во селските, или за 1.6 години поголема старост имаат лицата умрени во селските подрачја.

Градското подрачје има поголемо учество во природниот прираст
Природниот прираст кај населението од градските подрачја изнесува 52.3.% наспроти 47.7% во селските подрачја. Во два региона има појава на негативен природен прираст и тоа во Источниот и во Пелагонискиот регион.

Доминантно учество на миграциите село-град
Податоците за внатрешните миграции (преселбите во рамките на статистичкиот регион) покажуваат дека, вообичаено, поголем е бројот на преселби од село во град, отколку од град во село. Најголемо учество во вкупните миграции село-град има Североисточниот регион со 41.1%, а најмало учество од 22.1% има Полошкиот регион.

Карактеристично за Скопскиот регион е тоа што се забележува помал број на преселби од село во град (34.7%), отколку од град во село (44.7%).

Салдото на надворешните миграции (разлика помеѓу доселувањата во регионот и отселувањата од регионот) е најголемо во Скопскиот регион 1088 лица и тоа претежно во градскиот дел.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика