Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на живородените деца
во градските подрачја изнесува 13 008 деца или 57.1% од вкупниот број на живородени деца, наспроти 9 762
живородени деца или 42.9% во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број раѓања по региони,
има Скопскиот со 34.3% а најмало Вардарскиот регион со 6.8%.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања во градските подрачја изнесува 28.5 години наспроти
27.2 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 27.0
години наспроти 25.0 години во селските подрачја. При првото раѓање за 2 години е помлада мајката од
селските подрачја.
Бројот на умрени лица во градските подрачја изнесува 11 478 лица или 59.0%, наспроти 7 987 умрени лица
или 41.0% во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број на умрени лица, по региони, има
Скопскиот со 26.7% а најмало Вардарскиот регион со 8.2%. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја
е 93 доенчиња, додека во селските подрачја изнесува 79 доенчиња.
Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 71.5 години наспроти 72.8 години во
селските, или за 1.2 години поголема старост имаат лицата умрени во селските подрачја.
Учеството во природниот прираст кај населението од градските подрачја изнесува 46.3% наспроти 53.7% од
селските подрачја. Во три региони има појава на негативен природен прираст и тоа во: Источниот, Пелагонискиот
и Вардарскиот регион.
Податоците за внатрешните миграции (преселбите во рамките на статистичкиот регион) покажуваат дека,
вообичаено, поголем е бројот на преселби од село во град. Најголемо учество во вкупните миграции на ниво
на регион од село во град има Североисточниот регион со 42.0%. Карактеристично за Полошкиот регион се
меѓуселските преселби кои учествуваат со 58.8%.
Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 685 лица, а најмало во Југозападниот
регион -698, и тоа претежно од градскиот дел.