Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Население
Живородени деца, умрени лица и миграции според градски и селски
подрачја, по региони, 2010
понеделник, 27 јуни 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, бројот на живородените
деца во градските подрачја изнесува 13 904 или 57.2% од вкупниот број живородени деца, наспроти 10 392
живородени деца или 42.8% во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број раѓања по
региони, има Скопскиот со 33.5%, а најмало Вардарскиот регион со 7.1%.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 28.4 години наспроти
27.1 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува
26.8 години наспроти 24.8 години во селските подрачја. При првото раѓање за 2 години е помлада мајката
од селските подрачја.
Бројот на умрени лица во градските подрачја изнесува 11 442 лица или 59.9%, наспроти 7 671 умрено лице
или 40.1% во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 27.0%, а најмало Вардарскиот регион со 8.4%. Бројот на умрените доенчиња во градските
подрачја е 89, додека во селските подрачја изнесува 96 доенчиња.
Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 71.1 година наспроти 72.4 години во
селските или за 1.3 години поголема старост имаат лицата умрени во селските подрачја.
Учеството во природниот прираст кај населението од градските подрачја изнесува 47.5% наспроти 52.5%
од селските подрачја. Во два региона има појава на негативен природен прираст и тоа во: Источниот и
Пелагонискиот регион.
Податоците за внатрешните миграции (преселбите во рамките на статистичкиот регион) покажуваат дека,
вообичаено, поголем е бројот на преселби од село во град, отколку од град во село. Најголемо учество во
вкупните миграции на ниво на регион село-град има Источниот регион со 46.7%, а најмало учество од 15.0%
има Полошкиот регион. Карактеристично за Полошкиот регион се меѓуселските преселби кај кои процентот
изнесува дури 63.8% или 26.7% на ниво на Република Македонија.
Салдото на надворешните миграции (разлика меѓу доселувањата во регионот и отселувањата од регионот)
е најголемо во Скопскиот регион, 849 лица, а најмало во Југозападниот регион -258, и тоа претежно од
градскиот дел.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 816
е-пошта:
danica.mitkovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика