Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 12 598 или 59.1 % од вкупниот број живородени деца, наспроти 8 735 живородени деца или 40.9% во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 37.6 %, а најмало Источниот Регион со 6.5 %.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29.8 години наспроти 28.1 година во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28.3 години наспроти 25.8 години во селските подрачја. При првото раѓање, за 2.5 години е помлада мајката од селските подрачја. Бројот на умрените лица во градските подрачја изнесува 12 091 или 61.3 % наспроти 7 636 умрени лица или 38.7 % во селските подрачја.
Најголемо учество во однос на вкупнот број на умрените лица, по региони, има Скопскиот со 28.5 %, а најмало Вардарскиот Регион со 8.1 %. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 69, додека во селските подрачја изнесува 53 доенчиња.
Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 73.0 години наспроти 73.7 години во селските или поголема старост имаат лицата умрени во селските подрачја. Учеството во природниот прираст кај населението од градските подрачја изнесува 31.6 % наспроти 68.4 % од селските подрачја. Во пет региони има појава на негативен природен прираст, и тоа во: Вардарскиот, Источниот, Југозападниот, Југоисточниот и Пелагонискиот.
Податоците за внатрешните миграции на ниво на регион покажуваат дека најголемо учество од 37.0 % имаат преселбите од село во град.
Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот Регион со 51.0 %, додека во Полошкиот Регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат сo 55.1 %.
Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот, а најмало во Вардарскиот Регион.