Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Население
Живородени деца, умрени лица и миграции според градски и селски подрачја,
по региони во 2017 година
среда, 27 јуни 2018
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 12 841 дете или 59.0 % од вкупниот број живородени деца, наспроти 8 913 живородени деца или 41.0 % во селските подрачја. Најголемо учество, во однос на вкупнот број раѓања по региони, има Скопскиот со 35.6 %, а најмало Источниот регион со 6.7 %. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29.6 години наспроти 28.0 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28.1 годинa наспроти 25.6 години во селските подрачја. При првото раѓање за 2.5 години е помлада мајката од селските подрачја. Бројот на умрени лица во градските подрачја изнесува 12 426 лица или 61.2 % наспроти 7 892 умрени лица или 38.8 % во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 28.3 %, а најмало Североисточниот регион со 8.0%. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 102 доенчиња, додека во селските подрачја изнесува 99 доенчиња.
Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 73.1 годинa наспроти 73.2 години во селските или поголема старост имаат лицата умрени во селските подрачја. Учеството во природниот прираст кај населението од градските подрачја изнесува 28.9 % наспроти 71.1 % од селските подрачја. Во пет региони има појава на негативен природен прираст, и тоа во: Вардарскиот, Источниот, Југозападниот, Југоисточниот и Пелагонискиот. Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 35.6 % имаат меѓуселските преселби. Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот регион со 46.2 %, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат сo 58.7 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 1 208 лица, а најмало во Североисточниот регион.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика