Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека
економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во второто тримесечје од
2012 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2012 година а понеповолна во однос на второто
тримесечје од 2011 година.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во второто тримесечје од
2012 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2012 година како и очекувањата за економската
состојба во наредниот период.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на второто тримесечје од
2012 година е зголемена во однос на првото тримесечје од 2012 година.
Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се дека се поповолни како и очекувањата за
бројот на вработените, во однос на првото тримесечје од 2012 година.
Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во второто тримесечје од 2012 година
забележале зголемување во однос на првото тримесечје од 2012 година.
Во второто тримесечје од 2012 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за
продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се зголемат. Најголемо влијание на ограничувањето на
економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2012 година имале: слабата
побарувачка на купувачите со 17,5%, зголемена конкуренција со 7.9% и зголемена понуда на пазарот со 6.4%.