Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во четвртото тримесечје од 2011 година е понеповолна во однос на третото тримесечје од 2011 година, како и во однос на четвртото тримесечје од 2010 година.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во четвртото тримесечје од 2011 година е понеповолна во однос на третото тримесечје од 2011 година, а понеповолни се и нивните очекувања за економската состојба во наредниот период.
Во однос на количината на залихите во текот на четвртото тримесечје од 2011 година, оценката на раководителите е дека количините се намалени во однос на третото тримесечје од 2011 година. Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените се поповолни во однос на третото тримесечје од 2011 година.
Во однос на движењата на продажните цени во четвртото тримесечје од 2011 година, според оценката на раководителите тие бележат намалување во однос на третото тримесечје од 2011 година. Во четвртото тримесечје од 2011 година, во споредба со претходното тримесечје, според оценките, се очекува продажните цени да се намалат во наредните 3 месеци.
Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2011 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 37,7%, зголемената конкуренција со 15,0%, зголемената понуда на пазарот со 13,8% и друго со 7,8%.