Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Оценка на раководителите на деловните субјекти во областа на трговијата на мало за нивната економска состојба во третото тримесечје од 2011 година
вторник, 15 ноември 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во третото тримесечје од 2011 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2011 година и поповолна во однос на третото тримесечје од 2010 година. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во третото тримесечје од 2011 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2011 година, а исто така и очекувањата за економската состојба во наредниот период.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, количината на залихите во текот на третото тримесечје од 2011 година е зголемена во однос на второто тримесечје од 2011 година. Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените се поповолни во споредба со второто тримесечје од 2011 година. Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во третото тримесечје од 2011 година се зголемени во однос на второто тримесечје од 2011 година. Во третото тримесечје од 2011 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се зголемат. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2011 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 27.5%, зголемената конкуренција со 16.1%, друго (отежната наплата на побарувањата) со 14.4% и зголемената понуда на пазарот со 13.4%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 847
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика