Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти од областа на трговијата на мало за нивната економска состојба во четвртото тримесечје од 2010 година

вторник, 15 февруари 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во четвртото тримесечје од 2010 година е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2009 година, како и во однос на третото тримесечје од 2010 година. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во четвртото тримесечје од 2010 година, исто така, е поповолна во однос на третото тримесечје од 2010 година. Нивните очекувања за економската состојба во наредниот период се малку понеповолни.

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на четвртото тримесечје од 2010 година е зголемена во однос на третото тримесечје од 2010 година. Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработените во однос на претходното тримесечје од 2010 година. Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во четвртото тримесечје од 2010 година забележале зголемување во однос на третото тримесечје од 2010 година. Во четвртото тримесечје од 2010 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2010 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 38.5%, зголемената конкуренција со 15.3%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 10.6% и зголемената понуда на пазарот со 8.9%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика