Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од 2019 година е за 0.2 процентни поени понизок во однос на претходното тримесечје, а e зголемен за 0.4 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2018 година.
Eкономската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од 2019 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а e поповолна во однос на истото тримесечје од 2018 година. Се очекува да биде понеповолна и во наредните две тримесечја. Количеството на залихите е на еднакво ниво како и во претходното тримесечје.
Финансиската состојба во второто тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното од 2019 година.
Оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ке се намалат, како и за бројот на вработените.
Продажните цени во второто тримесечје од 2019 година се зголемени во однос на претходното, а се очекува нивно зголемување и во наредните 3 месеци.
Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2019 година имале: недостигот на обучен кадар со 21.0 %, слабата побарувачка од купувачите со 20.2 %, зголемени трошоци за труд со 18.4 % и зголемената конкуренција на пазарот со 16,8 %.