Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во трговијата на мало, четврто тримесечје од 2018 година
вторник, 22 јануари 2019
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во четвртото тримесечје од 2018 година е за 0.3 процентни поени повисок во однос на претходното тримесечје, а e зголемен за 0.7 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2017 година. Eкономската состојба на деловните субјекти во четвртото тримесечје од 2018 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а e поповолна и во однос на истото тримесечје од 2017 година. Се очекува да биде поповолна и во наредните две тримесечја. Количеството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје. Финансиската состојба во четвртото тримесечје од 2018 година е поповолна во однос на третото тримесечје од 2018 година, како и оценката за очекуваните порачки за наредниот период. Очекувањата за бројот на вработените се дека тој ќе се зголеми. Продажните цени во четвртото тримесечје од 2018 година се намалиле во однос на претходното, а се очекува нивно намалување и во наредните 3 месеци. Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2018 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 19.6 %, зголемената конкуренција на пазарот со 18.6 %, недостигот на обучен кадар со 14.0 % и зголемената понуда на пазарот со 13.0 %.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика