Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во трговијата на мало, второ тримесечје од 2018 година

среда, 18 јули 2018


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто
тримесечје од 2018 година е зголемен за 0.3 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а зголемен за 0.9
процентни поени во однос на истото тримесечје од 2017 година.


Eкономската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од 2018 година е поповолна во однос на
претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје од 2017 година. Се очекува да биде поповолна
и во наредните две тримесечја. Количeството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје.


Финансиската состојба во второто тримесечје од 2018 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2018
година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е поповолнa, а очекувањата за бројот на вработените
се дека тој ќе се зголеми.


Продажните цени во второто тримесечје од 2018 година минимално се зголемиле во однос на првото тримесечје од
2018 година, а се очекува нивно зголемување и во наредните 3 месеци.

 
Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје
од 2018 година имале: зголемената конкуренција на пазарот со 23.3 %, слабата побарувачка од купувачите со 22.7 %,
зголемената понуда на пазарот со 16.5 % и недостигот на обучен кадар со 15.8 %.






  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика