Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во трговијата на мало, четврто тримесечје од 2017 година

четврток, 18 јануари 2018


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во четвртото
тримесечје од 2017 година е зголемен за 0.1 процентен поен во однос на претходното тримесечје, а зголемен за 1.2
процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година.


Eкономската состојба на деловните субјекти во четвртото тримесечје од 2017 година е понеповолна во однос
на претходното тримесечје, а поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2016 година. Се очекува дека ќе
биде понеповолна во наредните две тримесечја. Количеството на залихите е намалено во однос на претходното
тримесечје.


Финансиската состојба во четвртотото тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на третото тримесечје од
2017 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е понеповолна, а очекувањата за бројот на
вработените се дека тој ќе се зголеми.


Продажните цени во четвртото тримесечје од 2017 година се зголемиле незначително во однос на третото тримесечје
од 2017 година, а се очекува нивно намалување во наредните 3 месеци.


Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото
тримесечје од 2017 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 31.5%, зголемената конкуренција на пазарот
со 18.3%, недостиг на обучен кадар со 12.0% и зголемената понуда на пазарот со 11.1%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика