Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во трговијата на мало, трето тримесечје од 2017 година
петок, 13 октомври 2017
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје од 2017 година е зголемен за 0.4 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а зголемен е за 0.9 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година. Eкономската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на третото тримесечје од 2016 година. Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја. Количеството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје. Финансиската состојба во третото тримесечје од 2017 година е понеповолна во однос на второто тримесечје од 2017 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените е дека тие ќе се намалат. Продажните цени во третото тримесечје од 2017 година се зголемиле во однос на второто тримесечје од 2017 година, а се очекува нивно зголемување и во наредните 3 месеци. Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2017 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 22,6%, зголемената конкуренција на пазарот со 21,2%, нема ограничувања со 13,2% и зголемената понуда на пазарот со 12,6%
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика