Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во трговијата на мало, второ тримесечје од 2017 година
среда, 12 јули 2017
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од 2017 година е зголемен за 0.5 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а е зголемен за 1 процентен поен во однос на истото тримесечје од 2016 година.
Eкономската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна е и во однос на второто тримесечје од 2016 година. Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е намалена во однос на претходното тримесечје.
Финансиската состојба во второто тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2017 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се зголемат, како и очекувањата за бројот на вработените.
Продажните цени во второто тримесечје од 2017 година се намалиле во однос на првото тримесечје од 2017 година, а се очекува нивно намалување и во наредните 3 месеци.
Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2017 година имале: зголемената конкуренција на пазарот со 24.3%, слабата побарувачка од купувачите со 23.1%, нема ограничувања со 12.4% и зголемената понуда на пазарот со 11.7%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика